logo
logo
logo

Пезешкијан: Трамп зборува за мир и истовремено се заканува

Vecer | 17.05.2025

Пезешкијан: Трамп зборува за мир и истовремено се заканува

„Во што треба да веруваме? Од една страна, тој зборува за мир, а од друга страна, се заканува со најнапредните средства за масовно убивање“, рече Пезешкијан, пренесен од британските медиуми.

Иранскиот претседател изјави дека Техеран ќе ги продолжи преговорите со САД за неговата нуклеарна програма, но дека не се плаши од закани.

-Ние не бараме војна, нагласи Пезешкијан.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека се точни извештаите дека неговиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф, му понудил на Иран предлог за нуклеарен договор.

„Тие имаат предлог, но што е поважно, знаат дека мора да дејствуваат брзо, или нешто лошо ќе се случи“, им рече Трамп на новинарите во претседателскиот авион кога беше прашан дали САД дале официјален предлог до Иран, објави Си-Ен-Ен.

Трамп во четвртокот изјави дека преговарачите се „многу блиску“ до договор и дека Иран „некако се согласил“ со условите, што укажува дека Иран се согласил да не создава „нуклеарна прашина“.

За време на посетата на Блискиот Исток оваа недела, Трамп постојано повторуваше дека Иран не може да поседува нуклеарно оружје и предупреди на насилни последици ако го стори тоа./MИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk