Двајца возрасни и три деца се убиени, а едно девојче е рането во престрелка во округот Кинг, соопшти полицијата.
Портпаролот на Одделот на Шерифот, Мајк Мелис, на местото на настанот изјави дека осомничениот е приведен без инциденти.
Засега не е познат мотивот на злосторството, ниту дали сите инволвирани во овој трагичен настан се поврзани со семејството.
Полицијата добила повеќе повици за пукање во дом во Фол Сити, на околу 10 милји источно од Сиетл.
Пред да пристигнат лекарите на местото на злосторството, на повредените им била укажана прва помош од соседот.
Осомничениот 15-годишен е приведен во малолетнички притвор и денеска или утре треба да се појави пред судот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата