„Сè сфаќаме сериозно. На еден или друг начин, потребно е да се разговара за идната структура на Европа. Ова е невозможно без учество на Европејците. Затоа преговорите ќе бидат неопходни на еден или друг начин“, рече Песков во интервју за каналот „Известија“.
Тој додаде дека Русија, како и Путин, е отворена за овие преговори, но дека „Европејците дури сега почнуваат да созреваат“.
„Ќе видиме. Бидејќи овие разговори за преговори засега се повеќе квазисхоластика. А акцијата засега е насочена кон понатамошен притисок врз Украинците, за да водат војна и да не преговараат со никого. Тоа е реалноста“, рече претставникот на Кремљ.
Тој нагласи дека процесот на преговори со Европа сè уште не е започнат, но дека ситуацијата се развива динамично, пишува „Спутник“.
„Настаните се развиваат динамично. Ќе видиме што ќе се случи со паузата што беше постигната во преговорите со Украина. Ќе видиме кога ќе заврши паузата и како ќе продолжат преговорите“, рече Песков.
Песков откри дека нема конкретни чекори во врска со кандидатурите за преговарач на ЕУ со Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин денес, 27 мај, пристигна во Астана во државна посета, додека Евроазискиот економски форум и состанокот на Врховниот евроазиски економски совет ќе се одржат во главниот град на Казахстан на 28 и 29 мај.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата