- Во преговорите навистина има пауза. Американците имаат други приоритети и тоа е разбирливо, посочи Песков.
Според него европските држави прават грешка кога инсистираат Киев да продолжи со воените дејствија против Москва.
- За жал, Европејците ги насочуваат сите свои напори да ги убедат Украинците да ја продолжат војната. Убедени сме дека Европејците прават грешка од гледна точка на сопствената иднина, наведе Песков.
Тој нагласи дека Русија постигнува успеси на бојното поле, но оти е отворена за дипломатско решение.
- Динамиката на фронтот е позитивна за нас. Ние напредуваме и се приближуваме кон остварување на нашите цели. Но, како што рече претседателот Путин, ние сме отворени за дипломатско решение, посочи Песков.
Тој додаде дека „Европејците не сакаат да помогнат во мировниот процес“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата