logo
logo
logo

СКАРБОРО ПОД ОПСАДА - КИНА ГО БЛОКИРА „автопатот“ на светската трговија!

Vecer | 16.04.2026

СКАРБОРО ПОД ОПСАДА - КИНА ГО БЛОКИРА „автопатот“ на светската трговија!

Кина започна со поставување бариери и распоредување бродови кај гребенот Скарборо, воведувајќи де факто контрола врз еден од најважните поморски коридори во светот. Оваа акција доаѓа во време кога глобалното внимание е насочено кон затворањето на Ормускиот Теснец од страна на САД и Иран.

Геополитичките аналитичари предупредуваат дека се работи за опасен преседан, пишува Билд.

Гребенот, кој е предмет на територијален спор меѓу Пекинг и Манила, е клучна точка низ која минуваат стоки вредни илјадници милијарди долари. Доколку Кина успее во својата намера да го контролира овој премин, тоа ќе значи директен удар врз глобалните синџири на снабдување. Најголемата штета се очекува да ја претрпи европската економија, која е силно зависна од поморската трговија со Азија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk