„Ниту Руската Федерација, ниту Кина, не спроведоа никакви нуклеарни тестови. Исто така, знаеме дека претставникот на Народна Република Кина цврсто ги отфрли овие одлуки“, рече Песков, пренесен од весникот „Известија“.
Американскиот помошник државен секретар Кристофер Ју, претходно денеска изјави дека Кина наводно спровела подземна нуклеарна проба на полигонот Лоп Нор во јуни 2020 година, повикувајќи се на сеизмички податоци од Казахстан.
На состанок во Институтот Вашингтон Хадсон, Ју исто така рече дека на 22 јуни 2020 година, оддалечената сеизмичка станица PS23 во Казахстан регистрирала „експлозија“ со магнитуда од 2,75 степени, на околу 720 километри од кинеското полигонско место Лоп Нор на западот од земјата, објавија британските медиуми.
Ју рече дека анализирал дополнителни податоци и сметал дека е „многу малку веројатно“ да станува збор за нешто друго освен за една експлозија, додавајќи дека податоците не се во согласност со минирање или земјотрес.
Портпаролот на кинеската Амбасада во Вашингтон, Лиу Пенгју, ги отфрли обвинувањата како „целосно неосновани“ и оцени дека станува збор за обид да се најде изговор за обновување на американските нуклеарни тестови.
„Ова е политичка манипулација насочена кон постигнување нуклеарна хегемонија и избегнување на сопствените обврски во областа на нуклеарното разоружување“, рече Лиу во писмена изјава, повикувајќи ги САД да ја потврдат својата посветеност на воздржување од тестирање и зачувување на глобалниот режим на неширење на нуклеарно оружје.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата