Секретарот за одбрана Пит Хегсет „ја смени Шошана Чатфилд од нејзината позиција како претставник на САД во Воениот комитет на НАТО поради губење на довербата во нејзината способност да раководи“, изјави портпаролот на Пентагон, Шон Парнел.
ДПА забележува дека Четфилд е критикувана од конзервативните лобисти во САД за нејзините коментари за различностите откако ја презеде функцијата во 2023 година. Министерот Хегсет, исто така, наводно ја критикувал.
Воениот комитет на НАТО е највисокото воено тело на организацијата, кое го поддржува процесот на одлучување на политичките лидери на земјите-членки.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата