logo
logo
logo

Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата

Vecer | 25.04.2024

Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата

Новата регулатива е објавена откако шефот на дипломатијата, Дмитро Кулеба, до 18 мај  ги суспендираше конзуларните услуги за лицата кои ги исполнуваат условите и притоа ги критикуваше оние Украинци кои се наоѓаат  во странство за тоа дека не служат во војната против Русија.

Последната владина одлука предвидува пасоши да може да им се издаваат на мажи на возраст од 18 до 60 години и тоа само во Украина.

Во странство во моментов живеат стотици илјади воено способни Украинци, во моменти кога земјата се соочува со недостиг на војници во војната против подобро опремената и поголема руска армија.

Шефот на дипломатијата, Кулеба, во своите коментари за суспензијата на конзуларните услуги, пред два дена кажа дека е непримерно регрутите да живеат во странство,а сè уште да сакаат да ги користат услугите од државата.

„Престојот во странство не го ослободува граѓанинот од неговите обврски кон татковината“, напиша тој на X. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk