logo
logo
logo

Парализиран воздушниот сообраќај во Москва од нападите на украински дронови, откажани 300 летови

Vecer | 28.12.2025

Парализиран воздушниот сообраќај во Москва од нападите на украински  дронови, откажани 300 летови

На аеродромите Шереметјево и Внуково, полетувањето и слетувањето не беа можни со часови, според портпаролот на администрацијата за воздухопловство.

Руските државни медиуми објавија дека повеќе од 300 летови морале да бидат откажани или одложени, а околу 70 авиони биле пренасочени кон алтернативни аеродроми.

Другите два московски аеродроми, Домодедово и Жуковски, не се соочиле со овој проблем.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, претходно објави за пресретнување на невообичаено голем број украински беспилотни летала, околу 30 од нив. Руското Министерство за одбрана објави за вкупно 273 соборени беспилотни летала во земјата, без да даде информации за штетите.

Авиокомпаниите, исто така, ги информираа патниците за промените во распоредот на летови во Санкт Петербург и други градови.

Државната авиокомпанија „Аерофлот“ објави дека се очекува авионите што биле на алтернативни аеродроми да слетаат во Москва во текот на денот.

Се очекува распоредот на летови да се врати во нормала подоцна попладнево.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk