Најмалку осум антивладини демонстранти беа повредени во крајбрежната покраина Латакија откако беа нападнати од лица лојални на владата и безбедносни сили, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија.
Освен во Латакија, главно населена со религиозното малцинство Алавити, демонстранти излегоа и на улиците во неколку покраини. Слични протести се одржаа во сириските покраини Тартус, Хомс и Хама, објави Сириската опсерваторија, која добива информации од мрежа на активисти во Сирија. Протестите, како што се наведува, се одговор на повикот на истакнатиот алавитски лидер Газал да се бара право на самоопределување.
Во меѓувреме, висок безбедносен функционер ги обвини лојалистите на соборениот сириски владетел Башар ал-Асад за напад врз безбедносните сили за време на протестите во Латакија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата