logo
logo
logo

Папагали „окупираа“ цел град и ги напаѓаат луѓето: Предизвикуваат прекини на струјата (ВИДЕО)

Vecer | 01.10.2024

Папагали „окупираа“ цел град и ги напаѓаат луѓето: Предизвикуваат прекини на струјата (ВИДЕО)

Илјадници зелени, жолти и црвени птици го прогонуваат ова место, како резултат на сечењето на шумите во околните ридови, објаснуваат биолозите.

Но, проблемот не е во нивниот број (на секои 5.000 жители има по 10 папагали), туку во тоа што ги гризат каблите на електричната мрежа и предизвикуваат прекини.

Покрај тоа, тие постојано испуштаат гласни звуци и зад себе оставаат куп измет, пренесува The Guardian.

„Шумите полека исчезнуваат, па папагалите бараат храна и засолниште во градот, особено во текот на есента и зимата“, вели биологот Даина Лера.

Во текот на летото и сезоната на парење, жителите на градот Хиларио Аскасуби можат да здивнат додека птиците мигрираат на југ.

На социјалните мрежи се појавија бројни видеа од папагали кои ја напаѓаат електричната мрежа, зградите и локалната црква, а сцените потсетуваат на трилерот на Хичкок „Птици“ од 1963 година.

„Ги гризат каблите, а потоа врне дожд и ги навлажнува. Тогаш е прекинато снабдувањето со електрична енергија. Папагалите секојдневно ни создаваат проблеми и трошоци“, изјави новинарот Рамон Алварез.

Жителите на различни начини се обидувале да ги избркаат, но безуспешно.

„Важно е да се врати природната средина. Но, додека тоа не се случи, мораме да смислиме стратегија која ќе ни овозможи да живееме заедно на најхармоничен можен начин“, заклучила Даина Лера.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk