ПАНИКА: СМРТОНОСНАТА АЈКУЛА видена близу познатото одморалиште: Нуркачите ја забележале во Медитеранот!
Vecer | 13.07.2022
Најбрзата ајкула на светот е видена во близина на плажите на шпанските одморалишта, предизвикувајќи паника меѓу туристите и локалното население. Станува збор за мако ајкулата која може да се движи со брзина од дури 70 километри на час.
Нуркачите ја забележале на околу 15 километри од брегот на Барселона, што е прво појавување на овој морски ѕвер во Средоземното Море во оваа област во последните 10 години.
Според нуркачите, оваа ајкула, која вообичаено може да биде долга и до пет метри, била долга околу два и пол метри. Ајкулата сосема случајно ја забележале нуркачите во близина на селото Гараф за време на експедиција на Здружението за китови. Инаку, ова здружение ги надгледува китовите, делфините и морињата поради длабочината на водите на овој простор.
Habla el autor de las imágenes: "Avistamos una sombra negra y grande en movimiento”
Подводниот фотограф Дејвид Џара потоа ја фотографирал спектакуларната сцена на фотографијата на која се прикажани перките на ајкулата во Средоземното Море.
"Видовме како се движи голема црна сенка. Бевме малку збунети. Но наеднаш видовме нешто како излегува од морето. Набрзо забележавме грбна перка", изјавил фотографот за шпанскиот весник El Pais.
Тој додал дека ова за него е импресивно искуство и во еден момент сакал навистина да и се доближи.
„Но, сфатив дека тоа не е најпаметната работа“, рекол Џара.
Иако најмногу предизвикала страв, еколозите велат дека појавата на ајкулата е „добар знак“ за медитеранскиот екосистем бидејќи овој вид морски џин е повеќе од загрозен.
Експертот Клаудио Бари додава дека големиот предатор е далеку од опасен за луѓето и е клучна компонента на морскиот свет, бидејќи го регулира изобилството на други видови и помага во одржувањето на рамнотежата на морските екосистеми.
Да потсетиме, постои сомневање дека во Египет, во близина на одморалиштето Хургада, мако ајкула неодамна уби две жени во морето. Нападот на оваа ајкула е многу брз и болен, а во повеќето случаи фатален. Кога ја напаѓа жртвата, прво ја гризе, а потоа откинува делови од телото и потоа ја ослободува жртвата и си заминува.
Токму поради овој начин на напад, се претпоставува дека нападот во Египет е дело на оваа ајкула.
Исто така, мако ајкулите можат да скокаат во воздух кога се закачени на јадица. Иако нивната брзина, сила и големина ги прават совршено способни да убиваат луѓе, овој вид генерално не ги напаѓа и не ги третира луѓето како плен. Се верува дека можела да нападне само ако некој ја вознемири или се обиде да ја фати на јаже.