logo
logo
logo

Палестинската самоуправа повикува на акција против израелските населби

Vecer | 06.04.2021

Палестинската самоуправа повикува на акција против израелските населби


Палестинската самоуправа (ПА) вчера ја повика меѓународната заедница да преземе итни мерки против проширувањето на населбите во Израел и против етничкото чистење, пренесува „Мидл Ист монитор“.

Во изјавата издадена од Министерството за надворешни работи и иселеници, ПА рече:

„Израелските практики за населување се дел од официјалните израелски планови да ги исчистат палестинските територии од нивните првобитни жители и да го направат тоа длабока позадина за стратешкиот израелски колонијален проект“.

Оваа изјава дојде како одговор на потегот на Израел за основање нова населба во долината на Јордан.

Во меѓувреме, ПА ја осуди израелската узурпација на изворот Еин Ал Хилва, исто така во северниот дел на Јорданската долина и таргетирањето на Бедуинте во областа. Израел ги спречува Палестинците да користат повеќе од 85 отсто од долината Јордан.

Завршувајќи ја изјавата, ПА ги повика меѓународната заедница, судовите и невладините организации итно да преземат мерки против „канцерогените“ населби кои ги голтаат палестинските територии и да престанат со етничко чистење, нагласувајќи дека недостигот од одговорност го охрабрува Израел да ја забрза кражбата на палестинската земја.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk