logo
logo
logo

Палестинец убиен во судири со израелската армија

Vecer | 28.05.2021

Палестинец убиен во судири со израелската армија


Израелските трупи денеска убија Палестинец, објави палестинското Министерство за здравство.

„Ние сме свесни за извештаите за убиството на Палестинец. Причината за тоа сè уште не е позната. Инцидентот се испитува “, изјави портпаролката на израелската армија.

Тензиите во регионот остануваат на високо ниво и покрај примирјето постигнато минатата недела помеѓу Израел и палестинското милитантно движење Хамас во Газа, со што заврши 11-дневниот конфликт, анализираат светските агенции.

Неколку стотици Палестинци се собраа во близина на Наблус, на северозападниот брег, да протестираат против новите израелски населби.

Некои од нив, со маскирани лица, фрлаа камења кон војниците и запалија гуми, пренесува Ројтерс.

Израелската војска соопшти за насилни немири во кои Палестинците запалиле и фрлале камења кон безбедносните сили како одговор на мерките за контрола на немирите.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk