logo
logo
logo

Лондон и Париз организираат состанок за безбедноста на Ормуска Теснина

Vecer | 25.03.2026

Лондон и Париз организираат состанок за безбедноста на Ормуска Теснина

Според него, состанокот ќе биде на ниво на началници на генералштабовите на вооружените сили на земјите што ја потпишаа минатонеделната изјава, со која се повикува на прекин на нападите врз нафтената и гасната инфраструктура во Персиски Залив и се наведува дека се „подготвени да придонесат“ во напорите за обезбедување на морзеусот.

Заедничката изјава, која ја иницираа Франција, Велика Британија, Германија, Италија, Холандија и Јапонија, оттогаш е поддржана од околу 30 земји, вклучувајќи ги Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.

Началникот на британскиот Генералштаб, Ричард Најтон и неговиот француски колега Фабиен Мандон „се свесни за улогата што треба да ја играат во обединувањето на оваа коалиција и помагањето на меѓународната заедница да развие план за повторно отворање на Ормуска Теснина што е можно поскоро, наведе изворот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk