logo
logo
logo

Падна уште една американска икона: КОЛТ НЕ Е ВЕЌЕ ВО НИВНИ РАЦЕ

Vecer | 24.05.2021

Падна уште една американска икона: КОЛТ НЕ Е ВЕЌЕ ВО НИВНИ РАЦЕ

Американските икони како Форд, Мустанг, Крајслер, Тинкпад, Моторола... а сега и Колт не се веќе - американски. Паднаа во туѓи раце.

Групацијата Чешка Збројовка успешно го заврши купувањето на американската компанија Колт, објавено е од чешката новинската агенција ЧТК.

Чешката Зборјовка стана единствениот сопственик на Колт, во бизнис вреден 220 милиони долари, а поранешниот сопственик на Колт доби повеќе од еден милион акции од новите сопственици.

Претседателот на Управниот одбор и генералниот директор на Чешка Збројовка Љубомир Коваржик рече дека спојувањето е стратешката фаза во развојот на двете компании. Според Коваржик купувањето на Колт е целосно во согласност со чешката стратегија за оружје - "да стане светски лидер во производството на малокалибарско оружје и клучен партнер за снабдување на вооружените сили".

Чешката Зберојовка го зголеми профитот за 10,2 отсто на западните пазари, а очекува со сопственоста врз Колт  значително да ја зајакне својата позиција во Америка, бидејќи очекува нарачки од американскиот воен и безбедносен апарат.

Чешкката Збројовка вработува околу 1.700 работници, во фабрики и центри кои се наоѓаат во Чешка, Германија и САД. Таа произведува оружје за лов, спорт и сите видови на оружје со мал калибар.

Брендот Колт е еден од симболите на САД. Американски дизајнер Семјуел Колт го патентирл во 1835 и 1836 неговиот познат револвер со кружно вретење на цилиндричен шаржер во кој се наоѓаат шест куршуми. Пронајдокот на Колт стана омилено оружје на оние кои го населуваа Дивиот Запад, па револверот почна да го нарекува "освојувач". Тој беше популарен меѓу армијата, шерифите и каубоите во САД, и ширум светот. Најпознатите модели на калибар се 38 и 45.

Компанијата е основана од Колт во 1836 година, а во текот на 179 години од своето постоење произведе повеќе од 30 милиони парчиња револвери, автоматски пушки и додатоци за нив, популарни во целиот свет.

Меѓу нив се М1911 пиштолот развиен од Џон Браун, кој беше прифатен од страна на Армијата на САД во 1911 година и се уште е во употреба, како и автоматски пушки AR-15 и M16 кои исто така се користат и денес.

Сепак, Колт замина во стечај во 2015 година по губење на државните договори за снабдување со оружје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk