logo
logo
logo

Падна првиот снег во Европа, ги изненади сите на два месеца пред почетокот на ски сезоната

Vecer | 12.09.2024

Падна првиот снег во Европа, ги изненади сите на два месеца пред почетокот на ски сезоната

Во дел од Германија веќе падна снег и ги изненади мештаните по топлите денови.

Зугшпице, највисокиот германски врв на 2.962 метри надморска височина, осамна покриен со снег. Од топлите летни денови, планинскиот врв за само пет дена се претвори во вистинска зимска идила.

Во последните 48 часа на Цугшпице, кој се наоѓа јужно од градот Гармиш-Партенкирхен, наврнале 13 сантиметри снег, а денеска наврнале дополнителни 22 сантиметри. Според прогнозата утре се очекуваат уште 38, додека на 14 септември снежната покривка ќе биде подебела за 29 сантиметри.

Сите ски-лифтови и патеки во моментов се затворени.

„Па, ова брзо ескалираше. Од летни горештини до зима за пет дена. Не заборавајте дека скијачката сезона започнува на 29 ноември 2024 година“, напишаа на официјалната веб-страница на Цугшпице.

По жешките летни денови кои ја зафатија Европа, дојде до потребното разладување, но веројатно никој не е подготвен за глетката на снег.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk