logo
logo
logo

Ова е НАЈЕВТИНИОТ град во Европа! Кафето има СМЕШНА ЦЕНА!

Vecer | 23.09.2021

Ова е НАЈЕВТИНИОТ град во Европа! Кафето има СМЕШНА ЦЕНА!

Тирана не е толку често на врвот од листата за патување на светските патници, но сепак новото истражување покажува дека главниот град на Албанија на гостите, особено оние од Обединетото кралство, за нивните пари им нуди најмногу.

„Post Office Travel Money“ ги споредил типичните трошоци за викенд патување во 40 различни градови во Европа, а кое вклучува две ноќевања во хотел со три sвезди, вечера во ресторан за двајца, јавен превоз, туристичко разгледување и слични активности.

„City Cost Barometеr“ покажал дека во Тирана ќе потрошите најмалку од сите анализирани градови – во просек по 9.600 денари. Па така, за кафе во овој град треба да издвоите само 40 денари, а за две ноќевања околу 4.400 денари.

На второто место на листата најповолни европски градови се најде Катовице, сместен на југот на Полска, а третата позиција е резервирана за главниот град на Литванија – Вилнус.

Во топ 10-те најповолни градови за викенд-одмор се најде и главниот град на Хрватска и тоа на 7-то место. „Post Office Travel Money“ пресметал дека за викенд во Загреб ви се потребни околу 15.200 денари.

Осло и оваа година се покажа како најскап град во Европа за викенд, бидејќи за таму ви требаат 31.400 денари. Во просек, пивото во главниот град на Норвешка изнесува 520 денари, а две ноќевања во хотел со три sвезди чини 11.000 денари.

Ова се најевтините европски градови за 2021 година според „City Cost Barometer“:

1. Тирана, Албанија (вкупен трошок 9.600 денари)

2. Катовице, Полска (вкупен трошок 12.000 денари)

3. Вилнус, Литванија (вкупен трошок 12.200 денари)

4. Лисабон, Португалија (вкупен трошок 13.300 денари)

5. Рига, Латвија (вкупен трошок 13.400 денари)

6. Варшава, Полска (вкупен трошок 13.900 денари)

7. Загреб, Хрватска (вкупен трошок 15.200 денари)

8. Будимпешта, Унгарија (вкупен трошок 15.700 денари)

9. Братислава, Словачка (вкупен трошок 15.800 денари)

10. Краков, Полска (вкупен трошок 16.200 денари)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk