logo
logo
logo

Ова е моментот кој го чекаше цел свет: ЕВЕ КАКО ПАДНА КИНЕСКАТА РАКЕТА НА ПЛАНЕТАТА (ВИДЕО)

Vecer | 09.05.2021

Ова е моментот кој го чекаше цел свет: ЕВЕ КАКО ПАДНА КИНЕСКАТА РАКЕТА НА ПЛАНЕТАТА (ВИДЕО)

Голем дел од кинеска ракета се распадна денес над Индискиот Океан, објави кинеската вселенска агенција по големите предвидувања за тоа каде може да паднат остатоците од 18-тонската ракета.

Падот на кинеската на ракета одговара на предвидувањата на експертите кои велат дека големи се шансите да падне во вода, бидејќи планетата е покриена со 70% вода.

Сепак, неконтролираниот влез во Земјината атмосфера на објекти од оваа големина пред

Голем дел од кинеска ракета се распадна денес над Индискиот Океан, објави кинеската вселенска агенција по големите предвидувања за тоа каде може да паднат остатоците од 18-тонската ракета.

Падот на кинеската на ракета одговара на предвидувањата на експертите кои велат дека големи се шансите да падне во вода, бидејќи планетата е покриена со 70% вода.

Сепак, неконтролираниот влез во Земјината атмосфера на објекти од оваа големина предизвика загриженост за можни штети или жртви и покрај малата статистичка можност.

Според мониторингот и анализата, кинеската агенција навела дека првиот дел од ракетата  влегол во атмосферата во 10:24 часот по локално време (4:24 по средноевропско време), потоа ги навела и координатите на локацијата во Индискиот океан во близина на Малдиви.

Како што објави агенцијата, поголемиот дел од тоа парче изгорело и било уништено при влегувањето во атмосферата.

Спејс-трак центарот, кој ги користи американските воени податоци, исто така потврди дека делови од ракетата влегле во атмосферата.

„Секој што го следи враќањето на ракетата може да се релаксира. Ракетата падна“, беше напишано во порака на Твитер.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин неделава изјави дека неговата земја нема намера да ја уништува ракетата, но тој сепак стави до знаење дека Кина не го планирала нејзиното лансирање доволно внимателно.

Кина инвестираше милијарди евра во својата вселенска програма во последните децении.

извика загриженост за можни штети или жртви и покрај малата статистичка можност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk