logo
logo
logo

Ова е цената на војната: 67те деца убиени во Газа објавени на насловната страница на "Haaretz"

Vecer | 27.05.2021

Ова е цената на војната: 67те деца убиени во Газа објавени на насловната страница на "Haaretz"

"Ова е цената на војната" е насловот на насловната на денешниот број на најстариот весник во Израел.

Имено, на денешната насловната страница на "Haaretz" се наоѓаат фотографии, возраст и приказната на жртвите на возраст меѓу шест месеци и 17 години од конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Станува збор за точно 67-те палестински деца и тинејџери кои го загубиле животите во последните израелски бомбардирања на Појасот Газа.

"Ова е цената на војната", пишува на насловната страна на "Haaretz", со портрети од убиените.

Вкупно во израелските бомбардирања биле убиени 254 Палестинци, тврди Министерството за здравство во Газа, а четвртина од загинатите е деца.

"Haaretz" приказните за убиените ги објавил помалку од седум дена откако на сила стапило примирје меѓу Палестинците и Израел, во време додека во Израел трае политичка криза поради четвртиот неуспешен обид на премиерот Бенјамин Нетанјаху да формира влада во последните две години.

Палестинците го обвинуваат Израел дека ги поттикнал судирите со блокирање на пристапот на верниците во џамијата Ал Акса за време на Рамазан.

Израел нападите на Газа ги оправдува со правото на одбрана од Хамас.

Израелската војска објавила дека дел од децата загинати во Газа се убиени од лошо насочени ракети од палестинската страна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk