logo
logo
logo

Отповиканиот јужнокорејски претседател го напушти притворот по наредба на обвинителството

Vecer | 08.03.2025

Отповиканиот јужнокорејски претседател го напушти притворот по наредба на обвинителството

Специјалниот истражен тим соопшти дека го известил Центарот за притвор јужно од Сеул да го ослободи Јун, еден ден откако Централниот окружен суд во Сеул нареди негово ослободување, по што тој ќе се брани од слобода во судскиот процес против него, пренесе Јонхап.

Според проценки на полицијата, околу 38.000 приврзаници на Јун се собраа денеска во Сеул, додека 1.500 луѓе демонстрираа против него.

Јун беше ослободен откако помина 52 дена во притвор под обвинение за поттикнување бунт кога на 3 декември на кратко воведе воена состојба во земјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk