logo
logo
logo

Биткоинот во голем пад- се спушти на 70.000 евра

Vecer | 09.04.2025

Биткоинот во голем пад- се спушти на 70.000 евра

Вкупниот обем на тргување со Биткоин во последните 24 часа изнесуваше 55,33 милијарди евра, што е нешто пониска вредност во споредба со вчера.

Индексот на страв и алчност на Биткоин моментално е на ниво 18 во категоријата „екстремен страв“, што покажува дека расположението на инвеститорите е на многу ниско ниво и полошо од вчера кога беше на ниво 24 во истата категорија.

И другите големи криптовалути паѓаат. Вредноста на итриумот (ETH) падна за 6,77 отсто на 1.324,25 евра, а вредноста на Binance Coin (BNB) за 1,59 отсто на 501,84 евра.

СОЛ падна за 5,36 отсто на 94,62 евра, а АВАКС за 6,34 отсто на 14,69 евра.

Криптовалутата на Telegram Toncoin (TON) денеска се продава за 2,71 евро, што е за 5,24 отсто помалку од вчера.

Денес, најтргувани криптовалути се Bitcoin, Ethereum и Ripple (XRP).

Најголем раст моментално бележат криптовалутите ARDR, VIDT и FIRO.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk