logo
logo
logo

Откриена е мистеријата: Во бродска несреќа во Италија загинале тајни агенти на Мосад и Аиса

Vecer | 02.06.2023

Откриена е мистеријата: Во бродска несреќа во Италија загинале тајни агенти на Мосад и Аиса

Според италијанските медиуми, сите луѓе на бродот биле тајни агенти - дел од израелскиот Мосад, а дел од италијанската тајна служба Аиса.

Според пишувањата на медиумите, на езерото се сретнале дваесетина тајни агенти, а оваа информација немало да стане позната во јавноста да не била несреќата. Прашањето е зошто сите биле на бродот?

Според она што е досега познато, на бродот требало да има 15 лица, а не 23 колку што биле таму.

Во неделата, на 28 мај, агентите се качиле на брод, кој е регистриран во Словенија и наликува на пловечка куќа и заедно со капитенот Клаудио Карминати, кој моментално е под истрага, отишле на островот Рибар, најмалиот од трите познати острови Боромео.

Агентите биле облечени лежерно, во облека која би одговарала со патување до езерото и би можела да послужи како камуфлажа за да изгледаат како туристи. Тие го посетиле ресторанот Ил Вербано на островот, кој бил преполн со туристи.

Несреќата се случила околу 19:20 часот кога бродот се превртел поради многу лоши временски услови на околу 100 метри од брегот. Во несреќата загинале четири лица: сопругата на капитенот, која е Русинка, двајца италијански тајни агенти и еден агент на Мосад.

Италијанските медиуми шпекулираат за причините за собирањето на толку многу тајни агенти кај езерото. Се шпекулира дека агентите следеле конкретно лице или се занимавале со шпионажа. Се поставува прашањето дали Израел би можел да има интерес да го следи договорот меѓу италијанските и иранските компании за производство на делови за воени дронови. Според некои извештаи, тие наводно славеле роденден на еден агент.

По несреќата, тајните агенти активирале операција за повлекување на персоналот, обидувајќи се да спречат идентификација и истекување на информации. Преживеаните биле испрашувани само за несреќата, но не и за целта на нивниот престој на езерото.

Агентите на Мосад брзо се вратиле во Израел со специјален приватен „чувствителен транспортен“ авион испратен директно од Израел, додека италијанските агенти веднаш го напуштиле местото на несреќата.

Засега не е извршена обдукција на жртвите. Полицијата ја истражува несреќата, но се уште не се познати деталите за активностите на агентите на езерото.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk