logo
logo
logo

Откриен план за мир?

Vecer | 21.05.2022

Откриен план за мир?

Италија разви план за постигнување мир во Украина, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо.

Првата цел е прекин на борбите во некои области, потоа прекин на огнот, преговори за неутралност и, конечно, мировен договор.

„Сега ни треба дипломатска контраофанзива“, изјави Ди Мајо за La Stampa, нагласувајќи ја потребата од координирани меѓународни напори.

Планот, развиен од дипломати и италијанската влада, беше претставен пред преговарачите од индустриската групација Г7, рече Ди Мајо.

Тој разговараше и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Сепак, Ди Мајо е песимист за преговорите со Русија.

„Не сакам да испаднам дека сум злобен пророк, но не гледам дека ќе се водат преговори“, рече тој.

Фото: IAN LANGSDON

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk