logo
logo
logo

Откажувањето на карневалот ќе ја чини Германија 1,5 милијарди евра

Vecer | 16.02.2021

Откажувањето на карневалот ќе ја чини Германија 1,5 милијарди евра


Пандемијата ги запре масовните карневалски настани, кои традиционално се оддржуваат секоја година во Германија.

Германскиот економски институт, со седиште во Келн, проценува дека откажувањето на карневалските свечености во 2021 година ќе ја чини националната економија околу 1,5 милијарди евра, а најголеми губитници ќе бидат рестораните, малопродажбата, хотелите и транспортниот сектор.

Според податоците од Федералниот завод за статистика во Германија, увозот на „карневалска стока“ во периодот од јануари до ноември 2020 година изнесувал 71,3 милиони евра, што според проценките на заводот е за 23,2% повеќе од претходната година.

Бројките, како што велат од заводот, ги вклучуваат минатогодишните карневалски настани, кои, за разлика од ситуацијата денес, се одвиваа скоро нормално, со стотици илјади посетители и учесници на карневалот.
Според нивните статистики, во периодот додека не постоеше пандемијата на коронавируси, надворешната трговија со стоки наменети за карневалот била во пораст.

Како што известуваат германските медиуми, карневалот беше запрен од пандемија на коронавируси, а мерките за затворање сè уште се на сила низ целата земја, оставајќи ги затворени локалите и откажани бројните паради на карневалот.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk