logo
logo
logo

Откажани сите летови на аеродромот во Берлин, вработените штрајкуваат за поголеми плати

Vecer | 25.01.2023

Откажани сите летови на аеродромот во Берлин, вработените штрајкуваат за поголеми плати

Требало да има 300 полетувања и слетувања со речиси 35.000 патници. Штрајкот започна утрово околу 3 часот и 30 минути. Синдикатот Ver.di го повика персоналот на аеродромот на штрајк и еднодневен прекин на работата поради недоволниот напредок во трите паралелни преговори за платите.

„Се надеваме дека притисокот е доволен“, рече претставникот на синдикатот Енрико Румкер и додаде дека нивната цел е пробив во преговорите. Тој рече дека аеродромот понудил колективен договор за период од 24 месеци, според кој платите ќе се зголемат за три отсто на 1 јуни и уште два отсто на 1 мај.

„Кога ќе погледнете колку е висока стапката на инфлација и ќе земете во предвид дека платите на колегите од оваа област не се зголемени многу, многу години, оваа понуда е секако удар за колегите“, додаде Римкер. Германската влада треба да објави годишен економски извештај. Нацртот на овој извештај предвидува инфлација од шест отсто во 2023 година и 2,8 отсто во 2024 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk