Малика починала вчера од повредите во нејзиниот дом во Њу Рос, оставајќи го нејзиното семејство со скршено срце, а заедницата шокирана од трагедијата што ги снајде, пренесува ирски Сан.
Инцидентот се случил во неделата вечерта околу 23 часот и 45 минути и девојчето веднаш добило лекарска помош на лице место. Таа потоа била однесена во болницата Вотерфорд каде подоцна починала. Нејзината мајка се здобила со повреди кои не се опасни по живот и е хоспитализирана.
Главен осомничен во случајот е маж познат на девојчето и нејзината мајка. Се претпоставува дека е по потекло од Кувајт, а по инцидентот за кој е осомничен бил задржан на лекување поради самоповредување и бил под полициски надзор.
Извори за медиумите изјавиле дека во семејната куќа избила расправија, која потоа продолжила надвор на улица.
"Тоа е апсолутна трагедија. Зборував со членовите на семејството кои се уништени, како што можете да си замислите. Осумгодишно дете да биде убиено вака. Тоа е толку потресно. Вестите се проширија низ градот, како што можете да замислите. Моите мисли се со семејството и ќе направиме сѐ што можеме за да им помогнеме“, рече локалниот советник Џон Двајер.
„Во расправија била таа фатена меѓу два „огна“ и била прободена со нож во вратот. Ова се случило пред очите на нејзината мајка, па можете само да замислите на што била сведок“, велат полициските службеници.
„Мажот потоа се обидел да си стави крај на животот, но не успеал. Во оваа фаза му се лекуваат повредите, но во болницата има вооружени чувари“, се додава.
Истрагата е во тек, а во моментов полицијата следи една линија на увид во која главен осомничен е маж кој се лекува во болница.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата