Осум лица убиени на роденденска забава во Јужноафриканската Република

Инцидентот се случил вчера доцна попладне по локално време, кога двајца вооружени напаѓачи отвориле оган врз гостите кои се собрале на роденденска забава, соопшти јужноафриканската полициска служба.
Како што се наведува, осомничените не се уапсени, а се истражуваат околностите на инцидентот.
Идентитетот на загинатите и повредените се уште не е утврден, но постои верување дека, како што соопшти полицијата, меѓу жртвите е и сопственикот на куќата.
– Овие луѓе беа убиени од криминалци и ние нема да мируваме додека не дознаеме што се случило и кој е одговорен за овој бесчувствителен и ладнокрвен напад врз невините жртв“, рече јужноафриканскиот полициски комесар Номтетелели Лилиан Мене.