logo
logo
logo

Остин во Њу Делхи разговара за засилување на врските со Индија

Vecer | 05.06.2023

Остин во Њу Делхи разговара за засилување на врските со Индија

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска во Њу Делхи разговараше со неговиот индиски колега Рајнат Синг за зајакнување на партнерството со Индија, бидејќи двете земји се соочуваат со економскиот раст и растечката воинственост на Кина, изјавија официјални лица.

Посетата на високиот американски функционер доаѓа во време кога Индија ја зајакнува својата домашна одбранбена индустрија со стекнување на нови технологии и намалување на зависноста од увоз, особено од Русија, нејзиниот најголем снабдувач на воена опрема.

Во соопштението на индиското Министерство за одбрана се наведува дека на средбата одлучиле „да се истражат можностите за заеднички развој на нови технологии и заедничко производство на постоечките и на нови системи и да се олесни соработката меѓу одбранбените системи на двете земји“. 

Двајцата соговорници, исто така, разговараа за регионалните безбедносни прашања во поглед на нивниот заеднички интерес за одржување на мирот и стабилноста во Индо-пацифичкиот регион.

-Индија сака од амриканската компанија General Atomics Aeronautical Systems да купи 18 воени беспилотни летала со поголема издржливост по цена од 1,5 до две милијарди долари, изјави воениот аналитичар Рахул Беди. Беди кажа дека  беспилотните летала најверојатно ќе бидат распоредени долж кинеско-пакистанската граница и во стратешкиот регион на Индискиот Океан.

Во твит по вчерашното пристигнување во Њу Делхи Остин кажа дека се враќа во Индија за да се сретне со клучните лидери за да разговараат за зајакнување на одбранбеното партнерство на земјата. 

-Заедно, ние ја унапредуваме заедничката визија за слободен и отворен регион, додаде тој.

Министерот Остин пристигна во Њу Делхи од Сингапур, каде присуствуваше на Шангри-Ла дијалогот, годишен форум што ги собира највисоките претставници на одбраната, дипломатите и лидерите. Остин лобираше да се поддржи визијата на Вашингтон за „слободен, отворен и безбеден Индо-Пацифик во свет на правила и закони“, како најдобар начин да се спротивстави на растечкото влијание на Кина во регионот. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk