logo
logo
logo

Ослободени повеќе од 30 војници киднапирани од вооружени цивили во Колумбија

Vecer | 29.08.2025

Ослободени повеќе од 30 војници киднапирани од вооружени цивили во Колумбија

Војниците беа киднапирани по судирите во руралниот дел од општината Ел Реторно, во кои беа убиени 11 герилци, вклучувајќи го и командантот на дисидентска фракција на поранешната бунтовничка група Револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК). Министерот додаде дека 33 војници биле киднапирани непосредно пред евакуацијата на областа.

Џунглата е упориште на дисидентската фракција ФАРК, која го отфрли мировниот договор од 2016 година. Областа се смета за стратешки коридор за трговијата со дрога и е позната по своите култури кока, кои се користат за производство на кокаин.

Властите ја обвинуваат групата за регрутирање малолетници и вршење притисок врз цивилите да се спротивстават на присуството на државните сили. Киднапирањата на припадници на вооружените сили се вообичаени во Колумбија по шестдеценискиот конфликт во кој загинаа повеќе од 450.000 лица.

Левичарскиот претседател Густаво Петро започна во 2022 година мировна стратегија за запирање на судирите. Групите за човекови права тврдат дека планот досега не покажал многу резултати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk