- Сериозно ја сфаќаме ситуацијата, напиша на Икс финскиот министер за транспорт и врски Лулу Ране.
Шведската управа за телекомуникации (ПТС) потврди дека интернет кабелот бил оштетен на два места на територијата на Финска.
Од ноември тоа е трет инцидент со оштетени телекомуникациски кабли во нордискиот и балтичкиот регион.
Во ноември, за краток временски период беа оштетени два оптички кабли во Балтичкото Море односно кабелот што ги поврзува Шведска и Литванија и Шведска и Германија. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата