logo
logo
logo

Орбан: Успехот на самитот во Будимпешта е од егзистенцијален интерес за Унгарија

Vecer | 20.10.2025

Орбан: Успехот на самитот во Будимпешта е од егзистенцијален интерес за Унгарија

 Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека за Унгарија е од егзистенцијален интерес мировниот самит во Будимпешта меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин да биде успешен, бидејќи унгарската економија конечно ќе може да здивне и да се врати на растот од пред руско-украинската војна.

- Од моментот кога беше објавен мировниот самит во Будимпешта, единственото прашање што го поставуваат левичарски ориентираните аналитичари и политичари, обидувајќи се да најдат мана, е дека е убаво што Трамп и Путин ќе се сретнат во Будимпешта, но како тоа ќе направи лебот да биде поевтин, напиша Орбан на Фејсбук.

Тој наведе дека во првите три години од руско-украинската војна, Унгарија загубила 9,1 милијарди форинти (23,3 милиони евра), односно повеќе од два милиони форинти по семејство.

- Ако успееме да ја завршиме војната, сето ова ќе престане. Унгарската економија конечно ќе може да здивне со олеснување и ќе можеме да се вратиме на растот од пред војната. Сите ќе заработуваат повеќе, па дури и лебот ќе биде поевтин. Затоа, од егзистенцијален интерес на Унгарија е мировниот самит во Будимпешта да биде успешен. Да направиме сè што можеме за тоа!, напиша Орбан. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk