logo
logo
logo

Орбан сака да ги ЗАБРАНИ лекциите за хомосексуализам и промена на пол во наставната програма

Vecer | 11.06.2021

Орбан сака да ги ЗАБРАНИ лекциите за хомосексуализам и промена на пол во наставната програма

Унгарската владејачката партија Фидез предложи Закон за забрана на ширење на содржини со кои се промовира промената на полот или хомосексуалноста во училиштата, што според критичарите е потег кој потсетува на рускиот закон за „геј пропаганда“ од 2013 година.

Владата на премиерот Виктор Орбан, на која ѝ претстојат избори на почетокот на 2022 година промовира силна христијанско-конзервативна агенда, се придвижи чекор понатаму против ЛГБТ + заедницата од минатата година.

Полската владејачка партија ПиС, главниот сојузник на Фидес во Европската Унија, зазема сличен став со години.

Неодамнешниот амандман на пратениците на Фидез во предложениот Закон за казнување на педофилите се вели дека на децата под 18 години не треба да им се покажува порнографска содржина или каква било содржина што поттикнува на промена на полот или хомосексуалност.

Според предлог-законот ова исто така се однесува и на рекламирање. Исто така се предлага да се состави список на организации кои единствено ќе имаат право да одржуваат предавања за сексуално образование во училиштата.

„Новиот закон предложен од Фидез сериозно ќе ги ограничи слободата на говорот и правата на децата“, рече Хетер од организацијата за заштита на ЛГБТ правата, споредувајќи го предлогот со рускиот закон за геј-пропаганда.

Хетер и шест други здруженија го повикаа Фидез да го повлече законот, за кој ќе се гласа следната недела.

Во Унгарија, бракот се дефинира како заедница на маж и жена, а само хетеросексуалните парови можат законски да посвојуваат деца.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk