logo
logo
logo

Орбан: Опасноста од ескалација на војната никогаш не била поголема

Vecer | 20.11.2024

Орбан: Опасноста од ескалација на војната никогаш не била поголема

По одлуката на Вашингтон да му дозволи на Киев да користи западно оружје со долг дострел за напади врз цели на територијата на Русија и обновената руска нуклеарна доктрина, опасноста од ескалација е максимално зголемена, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во следните недели и месеци, додаде тој, Будимпешта ќе мора да вложи максимално дипломатско искуство и ресурси за да не биде вовлечена во конфликтот во Украина.

Орбан претпладне одржа седница на Советот за одбрана.

„Со победата на претседателот Трамп на претседателските избори во САД, мирот или барем прекинот на огнот се чинеше опиплив, но провоената влада сè уште е на власт во Америка веќе два месеци. Практично, тоа значи дека Украинците вчера истрелаа ракети со долг дострел на руска територија, а Русите одговорија со усвојување на обновена нуклеарна доктрина. Го слушнав извештајот на Советот за одбрана. „Опасноста од ескалација на војната никогаш не била толку голема“, рече Орбан. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk