logo
logo
logo

ОН: Повеќе од 1,2 милиона Авганистанци веќе го напуштиле Иран

Vecer | 08.07.2025

ОН: Повеќе од 1,2 милиона Авганистанци веќе го напуштиле Иран

-Околу половината од нив биле насилно депортирани, изјави Бабар Балох, портпарол на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) во Женева.

Егзодусот драстично се зголеми во последните недел. Од почетокот на јуни, повеќе од 600.000 луѓе пристигнале во Авганистан од Иран, додаде тој, пренесува ДПА.

За време на кратката војна меѓу Израел и Иран минатиот месец, иранските безбедносни власти ја засилија репресијата врз Авганистанците. Стотици беа уапсени под обвинение за шпионажа или саботажа, објавија иранските државни медиуми.

По војната, Иран, исто така, објави дека ќе ги протера сите странци без важечки дозволи за престој.

Дури и пред воената ескалација со Израел, во земјата имаше жестоки дебати за големиот број бегалци од соседен Авганистан, кои ја напуштија својата татковина во голем број откако талибанците ја повратија власта пред речиси четири години. Многу од нив работеа во ниско платени сектори во големите градови.

УНХЦР наведува дека Иран е најважната земја домаќин во светот за авганистански бегалци,а организацијата во април објави дека во Иран има околу 3,5 милиони Авганистанци.

Претставникот на Црвениот крст и Црвената полумесечина во Авганистан, Сами Факури, соопшти дека многу од пристигнатите немаат поим каде да одат да живеат. Тие, исто така, се загрижени за своите деца, особено за безбедноста и образованието на девојчињата, рече тој.

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) денес објави дека се во тек подготовки за депортирање на уште еден милион луѓе од Иран во Авганистан, со предупредување дека масовните депортации го оптоваруваат системот за обезбедување хуманитарна помош.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk