logo
logo
logo

Огромно мнозинство Германци го поддржува прекинот на испраќање оружје за Израел

Vecer | 14.08.2025

Огромно мнозинство Германци го поддржува прекинот на испраќање оружје за Израел

Анкета спроведена за јавниот сервис ZDF покажа дека 83 проценти од Германците сметаат дека е исправно да се запре снабдувањето со оружје на Израел што потенцијално би можело да се користи во Појасот Газа.

Анкетата, исто така, покажа дека мнозинството Германци сакаат нивната влада да изврши поголем политички притисок врз Израел за да ја заврши својата воена кампања во Газа. Поточно, 62 проценти од испитаниците побарале поголем притисок, додека само 30 проценти се спротивставиле на тоа.

По неколку недели зголемени критики, канцеларот Фридрих Мерц минатиот петок објави дека Германија повеќе нема да одобрува извоз на оружје во Израел што би можело да се користи во Газа. Одлуката е донесена како одговор на планот на израелскиот кабинет целосно да го окупира Појасот Газа и да го протера палестинското население.

Промена во германската политика

Анкетата на ZDF покажала дека мнозинството Германци, исто така, го поддржуваат признавањето на палестинската државност, и покрај неподготвеноста на германската влада по ова прашање. Според анкетата, 60 проценти од испитаниците веруваат дека Германија треба да ја признае Палестина како држава, додека само 22 проценти се противат на тоа, а 18 проценти се неодлучни.

Мерц, долгогодишен верен сојузник на Израел, првично се спротивстави на повиците на опозициските пратеници за ембарго за оружје и покрај обвинувањата дека владата на Нетанјаху користи тактики на гладување и извршува воени злосторства во Газа.

Во неделата, Мерц јасно стави до знаење дека иако Германија ќе престане да одобрува нов извоз на оружје што може да се користи во Газа, традиционалната политика на Берлин за поддршка на Израел ќе остане непроменета. Конзервативниот лидер не ги поддржа повиците од другите европски земји за суспендирање на трговскиот договор меѓу ЕУ и Израел и изрази скептицизам кон признавањето на палестинската државност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk