logo
logo
logo

Огромни пожари беснеат во Тексас, огнот „проголта“ 500.000 хектари (ФОТО)

Vecer | 28.02.2024

Огромни пожари беснеат во Тексас, огнот „проголта“ 500.000 хектари (ФОТО)

Пожарот Смоукхаус Крик е втор по големина шумски пожар во Тексас досега, што проголтал повеќе од 500.000 хектари во Тексас Панхендл откако избувнал во понеделникот, пишува Гардијан.

Пожарот моментално не е под контрола, а жителите на неколку окрузи во Тексас се евакуирани.

Пожарот се проширил нашироко поради невообичаено високите температури и силниот ветер, а пламенот се засилил на сувите тревни површини.

Вчера била наредена задолжителна евакуација за неколку окрузи во Тексас, откако гувернерот Грег Абот прогласил катастрофална состојба. Повеќе од 4.000 домови во Тексас моментално се без струја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk