logo
logo
logo

Огромна дупка се појави по земјотресот во Мјанмар, досега над 1000 загинати

Vecer | 29.03.2025

Огромна дупка се појави по земјотресот во Мјанмар, досега над 1000 загинати

Денеска уште еден силен потрес но од 5,1 степен го погоди Мјанмар. Според локалните власти, урнати се мостови, уништени се бројни згради, а патиштата се искривени во големи делови од земјата.

Најголемо уништување е забележано во Мандалеј, вториот по големина град, каде што се забележани најмногу жртви, а снимена е огромна пукнатина.

Службите за итни случаи ги засилуваат напорите за потрага по преживеани, првите странски спасувачки екипи утрово пристигнале во Мјанмар. Според еден од спасувачите со огромни натлчовечки напори се обидуваат да ги извлечат преживеаните, но проблем е недостигот на механизација.

Тие се уште молат за помош, ги слушаме, но не знаеме каде се, ако добиеме механизација, можеме да ги спасиме преживеаните,  вели член на спасувачките екипи.

Лидерот на армијата на Мјанмар прогласи вонредна состојба и ги замоли сите што можат да помогнат да пристигнат.

ООН веќе е во контакт со властите.Во земјотресот сериозни оштетувања претрпеле и неколку историски споменици во Мјанмар, вклучувајќи ја и популарна туристичка атракција, историската кралска палата во Мандалај, еден од најисториските споменици во земјата.

Американскиот геолошки институт проценува дека бројот на загинати во Мјанмар би можел да надмине 10.000 а американскиот геолог Џес Феникс за Си Ен Ен изјавил дека „Силата ослободена од ваков земјотрес е еквивалентна на околу 334 атомски бомби“.

 Тој предупредува дека последователните потреси најверојатно ќе продолжат да го тресат регионот. Најмалку девет лица загинале и во соседен Тајланд.

По силниот земјотрес  на социјалните мрежи се појави видео од Бангкок во кое илјадници луѓе пешки се евакуираат бидејќи немало возови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk