logo
logo
logo

Огромен помор на риби во реката Одра, паника во Полска и Германија (ВИДЕО)

Vecer | 11.08.2022

Огромен помор на риби во реката Одра, паника во Полска и Германија  (ВИДЕО)

Волонтери и рибари извадија најмалку 10 тони мртви риби од 200 километри долгиот дел на реката северно од Олава во југозападна Полска, изјави денеска Пжемислав Дача, шеф на државниот Водовод. Дача, чија агенција управува со националните води на Полска, ја нарече ситуацијата огромна еколошка катастрофа.

Еколошките власти соопштија дека ги известиле обвинителите за потенцијалното загадување на втората најдолга река во земјата. Премиерот Матеуш Моравјецки вети дека ќе ги казни одговорните.

Мртвите риби можат да се најдат на 300 километри северно од Олава, рече Ева Друњак, биолог која работи со опозициската група Граѓанска коалиција, обвинувајќи ја владата дека не реагирала доволно брзо.

"Мртвите риби пловеа во Одра во последните две недели, а луѓето не беа информирани за тоа. Видов десетици луѓе како се капеа во реката пред една и пол недела, несвесни за опасноста. Тоа е скандалозно". рече таа.

Регионалните еколошки власти во Вроцлав велат дека примероците на вода собрани од Одра на 28 јули покажале 80 отсто шанси да содржат мезитил, токсична супстанција, иако супстанцијата не била присутна во примероците земени на 1 август.

Нискиот водостој на реката поради сушата во Европа можеби го влошила можното загадување, соопшти вчера Дача. Тој додаде дека се сомневаат дека силното оксидирачко средство влегло во водата и предизвикало зголемување на нивото на кислород, што може да им наштети на рибите. Тој додаде дека нема причина за паника и дека состојбата се подобрува.

Неколку германски области кои граничат со Полска ги предупредија локалните жители да ја избегнуваат речната вода и да не јадат риба од Одра додека не се разјасни причината за изумирањето на рибите. „Извештаите од Одра се едноставно страшни“, напишал на Твитер Михаел Келнер, политичар од германските Зелени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk