Според портпаролот на Цивилната одбрана во Газа под контрола на Хамас, најмалку 71 Палестинец се убиени во палестинската крајбрежна област од вчера навечер.
Повеќето од жртвите биле во градот Газа. Се наведува дека меѓу загинатите има деца и жени.
Информациите не можеле веднаш да бидат независно проверени.
Израелската војска соопшти дека ги истражува извештаите.
Израел и Хамас вчера се договорија за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците, по 15 месеци војна во која загинаа десетици илјади луѓе.
Според податоците на Министерството за здравство во Газа, најмалку 46.707 Палестинци се убиени во израелските напади до денес.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата