logo
logo
logo

Изненадување во Франција: Новиот премиер „го преживеа“ гласањето доверба

Vecer | 16.01.2025

Изненадување во Франција: Новиот премиер „го преживеа“ гласањето доверба

Во изненадувачки пресврт на настаните, мнозинството социјалистички пратеници одлучија да не ја повлечат довербата за владата на Бајру за разлика од нивните леви сојузници, вклучувајќи ги Зелените и комунистите.

Политичарите од екстремната левичарска партија Неосвоена Франција (LFI), Зелените и Комунистичката партија поднесоа предлог за недоверба на малцинската влада на Бајру веднаш по неговото прво обраќање.

Малцинската влада на Бајру сега може да се потпре на поддршката на социјалистите за идните планови и на тој начин да избегне да стане зависна од екстремно десничарскиот блок предводен од Марин Ле Пен. Неговиот претходник Мишел Барние беше отфрлен од целиот левичарски табор во Франција. Неговиот малцински кабинет ја уживаше довербата само на десничарските националисти. Франција минува низ период на политичка нестабилност, откако само минатата година смени четворица премиери.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk