Од утре, на потрошувачите од ЕУ повеќе нема да им требаат различни полначи за нивните паметни телефони, таблети, камери, слушалки, конзоли за видео игри и други уреди, бидејќи портите за полнење USB од типот C ќе станат стандард за мобилни уреди низ Унијата.
Во 2022 година, Европскиот парламент и земјите-членки одлучија со огромно мнозинство да ги укинат алтернативните методи за полнење, што значи дека сите мали и средни преносливи електронски уреди што се продаваат во ЕУ мора да бидат компатибилни со USB-C порт.
Според правилата на ЕУ, потрошувачите исто така можат да се откажат од добивање на нов полнач со секој купен уред. Производителите на преносни компјутери ќе мора да ги следат истите правила од 28 април 2026 година.
It’s time for THE charger.
— European Commission (@EU_Commission) December 28, 2024
Today, the USB-C becomes officially the common standard for charging electronic devices in the EU.
It means better-charging technology, reduced e-waste, and less fuss to find the chargers you need. #DigitalEU
Ана Кавазини, претседател на Комитетот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на Европскиот парламент, рече дека ова е „одлучен чекор кон удобноста на потрошувачите и одговорноста за животната средина“.
„Овие правила се однесуваат на справување со тоните отпад создадени од фрлените полначи секоја година и заштеда на околу 250 милиони евра за домаќинствата во ЕУ со елиминирање на непотребните купувања на полначи секоја година“, додаде Кавацини.
Парламентот, исто така, најави дека „внимателно ќе следи“ како производителите се прилагодуваат на овие промени. Производителите на електроника долго време се спротивставуваат на напорите на ЕУ за стандардизирање на технологиите за полнење.
Одлуката ќе влијае на сите продавачи, особено на Apple, кој првично ги оспори правилата, наведувајќи ја загриженоста за иновациите. Сепак, технолошкиот гигант почна да се прилагодува на директивата и се префрли на USB-C за своите уреди.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата