logo
logo
logo

Очевидец со страшно сведоштво по ударот на хеликоптер во радио антена во САД: Паѓаа тела(ВИДЕО)

Vecer | 21.10.2024

Очевидец со страшно сведоштво по ударот на хеликоптер во радио антена во САД: Паѓаа тела(ВИДЕО)

Полицијата и пожарникарите веднаш го предупредиле блиското население дека во дворовите ќе пронајдат различни супстанци, што било случај.

„Видовме силна светлина како лета кон црквата“, рече Марко Перез, кој бил на концерт на отворено во близина.

„Таа светлина се претвори во портокалово-црвена огнена топка“, изјави тој за Хјустон хроникл, пренесува Дејли мејл.

Перез и неговиот внук изјавиле дека металот што паднал на земја изгледал како „шпагети“.

Најмалку четири лица загинале, меѓу кои и едно дете, при падот на хеликоптер во американската сојузна држава Тексас.

Страшната несреќа и падот на хеликоптерот ги овековечиле телефоните на збунетите жители, кои случајно се нашле на улиците во моментот на несреќата.

На снимката се гледа како хеликоптерот наводно удира во радиокулата, а потоа паѓа на земја. Инаку, радиокулата, висока 300 метри била соодветно обележана и осветлена.

Несреќата се случила нешто пред 20 часот по локално време и предизвикала силна експлозија која се слушнала на километри.

Надлежните се уште не го знаат точниот број на жртви, но се претпоставува дека во хеликоптерот имало четири лица, од кои едно дете, но дека никој не преживеал.

Според она што е реконструирано, хеликоптерот полетал од Елингтон, кој се наоѓа на околу 30 километри јужно од местото на несреќата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk