logo
logo
logo

Обвинителот на Менхетн: Трамп создаде лажно очекување дека ќе биде уапсен

Vecer | 23.03.2023

Обвинителот на Менхетн: Трамп создаде лажно очекување дека ќе биде уапсен

„Вашето писмо е истрага без преседан за локална тужба што е во тек. Писмото дојде токму кога Доналд Трамп создаде лажни очекувања дека ќе биде уапсен следниот ден и неговите адвокати ве повикаа да интервенирате“, напиша во писмото окружниот обвинител Алвин Брег до тројца републиканци во Домот.

Големата порота свикана од Брег во јануари почна да слуша докази за улогата на Трамп во поткупувањето на порно ѕвездата Сторми Даниелс пред претседателските избори во 2016 година, на кои победи Трамп. Даниелс, позната порно актерка и режисерка чие вистинско име е Стефани Клифорд, изјави дека добила пари во замена да молчи за сексуалната врска што ја имала со Трамп во 2006 година.

Поранешниот адвокат на Трамп, Мајкл Коен, рече дека ги добил парите по налог на Трамп за да купи молк за вонбрачната врска на тогашниот претседателски кандидат. Трамп тврди дека е невин и дека истрагата е политички мотивирана.

Во писмото од канцеларијата на Брег се наведува дека претседателите на три конгресни комисии побарале доверливи информации за тековната кривична истрага, што според законот е доверлива информација.

„Барањата наведени во писмото се незаконска инвазија на суверенитетот на Њујорк“, им напишал главниот советник Лесли Дабек на претседателот на Комитетот за правосудство Џим Џордан, на претседателот на Комисијата за надзор Џејмс Комер и на претседателот на административниот комитет Брајан Стил.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk