logo
logo
logo

ОБЕДИНУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА ДЕСНИЦА, предлага Матео Салвини

Vecer | 31.05.2021

ОБЕДИНУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА ДЕСНИЦА, предлага Матео Салвини

Лидерот на италијанската десничарска партија Лига, Матео Салвини предложи обединување  во Европскиот парламент на сите конзервативно-десничарски партии.

На состанокот во Португалија, каде што учествуваше на конференцијата „За поинаква Европа“, тој рече дека „Европа не е ЕУ ниту е евро, Европа е милиони нејзини граѓани“, пренесува Анса.

„Можеби некои велат дека ова е состанок на екстремисти, но ние сееме овде, ја испитуваме можноста за единствен блок во ЕУ со можни 130 парламентарци“, рече Салвини.

Дел од италијанските центристички партии реагираа позитивно на предлогот на Салвини, но партијата на Силвио Берлускони „Форца Италија“ оцени дека италијанската десница е обединета, но дека такво нешто не може да се пренесе во Европската унија

Ваквата идеја на Салвини започна да се разгледува во март, кога партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Фидес ја напушти Европската народна партија.

Тогаш беше најавено дека се преговара со европските конзервативни политички сили, вклучувајќи го и Матео Салвини, за формирање нова парламентарна група во Европскиот парламент (ЕП).

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk