Шест лица, меѓу кои и двајца тинејџери, се водат како исчезнати откако обилни дождови завчера предизвикаа свлечиште на планината Маунгануи на источната страна од Северниот Остров недалеку од градот Тауранга кој е преполн со туристи.
„Веројатноста дека некој преживеал е многу мала, но тоа не можеме целосно да го исклучиме“, изјави локален функционер, додавајќи дека најмладото исчезнато лице има 15 години
„До семејствата кои ги загубија своите најблиски - целиот Нов Зеланд тагува со вас“, напиша на „Икс“ премиерот на Нов Зеланд, Кристофер Лаксон.
Тој вчера го посети местото на трагедијата и се сретна со роднините на жртвите.
Се очекува пообилни дождови денеска дополнително да ја комплицираат операцијата и доколку е потребно, екипите ќе бидат повлечени од безбедносни причини, изјави претставничка на спасувачката служба Меган Стифлер.
Во меѓувреме, обилните дождови оваа недела предизвикаа уште едно свлечиште во соседниот округ Папамоа, при што животот го загубија уште две лица.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата