logo
logo
logo

НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК НА ЕМАНУЕЛ МАКРОН Францускиот претседател повикал на создавање нова Европа и обнова на односите со Русија како 1990

Vecer | 21.01.2022

НОВИОТ СВЕТСКИ ПОРЕДОК НА ЕМАНУЕЛ МАКРОН Францускиот претседател повикал на создавање нова Европа и обнова на односите со Русија како 1990

Францускиот претседател Емануел Макрон на почетокот на претседавањето на својата земја со ЕУ ги разбранува Лондон и Вашингтон со повикот дека е време за “искрен дијаог“ со Русија, кој е неопходен да се изгради нов европски проект.

- Безбедноста на нашиот континент бара стратешко преструктуирање на нашата Европа како сили на мир и рамнотежа, посебно нашиот дијалог со Русија, рекол Макрон во говорот во Европскиот парламент во Стазбург.

- И за нас и за Русија, поради безбедноста на нашиот континент кој е неделив, потребен ни е овој дијалог, рекол Макрон и додал дека тој терба да биде “искен и бара сеопфатност при соочување со дестабилизација, мешање и манипулација.

Според францускиот претседател, соработката со Русија мора да се заснова на принципите и правилата на кои се согласивме и против кои дејствувавме со Русија пред триесет години.

Новиот систем, тврди Макрон, треба да биде ослободен од закани, принуда во сферата на влијанија и би им дозволил на државите слободен избор кога е во прашање членството во организации или безбедносни ангажмани, со гарантирање на нивниот територјален интегритет.

Тој предложил за “новиот поредок на безбедност и стабилност“, прво да се разговара во рамките на ЕУ, а потоа во рамки на НАТО, пред да биде предложен “за преговори со Русија“.

За Франција, европскиот суверенитет бил во средиште на неодамнешните разговори на состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брест. Париз има за цел да ја зајакне позицијата на силата на Европејците, и прави се да одбегне војна.

Најновата реторика на Макрон звучи поразлично од ставот на САД и НАТО блокот.

извор:Курир.ср.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk