logo
logo
logo

Нов силен земјотрес е регистриран во Авганистан

Vecer | 06.09.2025

Нов силен земјотрес е регистриран во Авганистан

Според Американскиот геолошки центар, земјотресот бил со интензитет од 5,2 степени и се случил во источната покраина Кунар на длабочина од 10 километри. Потресот бил почувствувано и во Кабул, но засега нема извештаи за жртви или штети.

Источниот дел на Авганистан во изминатите денови постојано е погоден од силни земјотреси. Непосредно пред полноќ во неделата, почетниот земјотрес со јачина од 6 степени се случи на длабочина од осум километри. По него следеа бројни последователни потреси и уште еден силен во четвртокот навечер.

Владејачките талибанци и авганистанската Црвена Полумесечина пријавија околу 2.200 мртви и повеќе од 3.600 повредени.

Спасувачките операции се уште се во тек.

Многу погодени области се тешко достапни, според хуманитарните организации, што ја комплицира итната помош и закрепнувањето на жртвите. Хјуман рајтс воч, исто така, забележа дека обемните ограничувања за жените под власта на талибанците ја отежнуваат итната помош. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk