Владата на Норвешка ќе одвои 40 милиони норвешки круни (околу четири милиони американски долари), додека не е прецизирано со колкава сума ќе учествуваат другите земји.
- Оваа коалиција е основана како одговор на итната и невидена финансиска криза со која се соочува Палестинската самоуправа. Непосредната цел е да се стабилизираат финансиите на Палестинската самоуправа и да се зачува нејзината способност да управува, да обезбедува витални услуги и да ја одржува безбедноста, се наведува во соопштението на норвешкото МНР.
Земјите-членки на Коалицијата, меѓу кои се и Саудиска Арабија, Шпанија, Велика Британија, Јапонија и Франција, упатија апел до Израел да ги ослободи средствата што и припаѓаат на Палестинската самоуправа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата