logo
logo
logo

Њујорк Тајмс: РАЗУЗНАВАЊЕ, ВОЕНА ПОМОШ, ПАРИ – Трамп може се да и укине на Украина

Vecer | 01.03.2025

Њујорк Тајмс: РАЗУЗНАВАЊЕ, ВОЕНА ПОМОШ, ПАРИ – Трамп може се да и укине на Украина

Администрацијата на Американскиот претседател Доналд Трамп би можела целосно да ја прекине помошта за Украина, изјави извор од неговата администрација за „Њујорк тајмс“, кој наведува дека администрацијата на Бајден сметала дека е клучна воената помош од 67 милијарди долари за Киев, што Трамп го гледа како средство за притисок.

По расправија во Овалната соба на Белата куќа, неименуван претставник на американската администрација изјави за NYT дека Трамп може да одлучи да ја прекине дури и индиректната помош за Украина. Ова вклучува други форми на воено финансирање, споделување разузнавачки информации, обука на украински војници и пилоти и формирање на меѓународен центар за управување со помош во американската воена база во Германија.

Крај на испораките на муниција и опрема?

Официјален претставник на администрацијата на Трамп рече дека целата американска помош за Украина - вклучително и неодамнешните испораки на муниција и опрема што беа одобрени и платени за време на администрацијата на Бајден - наскоро може да биде суспендирана.

Според Килскиот институт, европските земји досега издвоиле 138 милијарди долари за украинските воени операции, додека американската воена и хуманитарна помош изнесувала 119 милијарди долари, наведува NYT.

Трамп верува дека Зеленски покажал непочитување

Американскиот претседател Доналд Трамп, по судирот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, рече дека Зеленски „покажал непочитување“ кон Соединетите држави и дека „не е подготвен за мир“.

За време на состанокот во Белата куќа, кој се пренесуваше во живо, Зеленски се судри со Трамп и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс за војната во Украина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk